Мамографот во општата болницата во Куманово не работи една недела
Мамографот во општата болница Куманово не функционира една недела поради дотраеност и дефект, информираат надлежните од болницата.
Пациентките од градот и соседните општини од североисточниот регион се упатуваат на скопските клиники. Мамографот во кумановската болница се користи 21 година, а вработените од Кумановската болница информираат дека надлежните институции се запознаени со проблемот и дека ќе се преземаат мерки за набавка на дигитален мамомат.
-Мамографот престана да работи поради дотраеноста и се појави траен дефект. По последните мерења се покажа дека апаратот е неисправен и мореше да се стави вон функција, истакна доктор Славица Јакимовска, специјалист по радиодијагностика.
Апаратот е донација од невладина организација, а започнал да се во користи 1996 година. Со мамографот во болницата, поради дотраеноста, дневно се прегледувале најмногу до шест пациентки од шестте општини од североисточниот регион.
Директорката на кумановската општа болница Снежана Захариева, информираше дека веднаш по нејзиното назначување, болницата упатила барање и до Министерството за здравство и до Владата.
Информира дека во измените на годишниот развоен план за 2018 година, приоритет е ставен на набавка на апаратура за повеќе оддели, но оти набавката на мамоматот е на прво место.
- Многу помали здравствени установи добивале нова апаратура, а Куманово е оставено настрана, иако нашата услуга ја користат околу 200.000 пациенти. Се надеваме на помош и од Министерството и од Владата, бидејќи граѓаните на Куманово ги имаат истите права како и останатите од Македонија, истакна Захариева.
Според податоците на болницата, најмладата пациентка на која и е дијагностицирано рак на дојка е 22 годишна девојка, а највозрасната е 90 годишна пациентка.
Ново на Сител
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД