Малта ќе им плаќа на странските туристи по 200 евра под услов да останат таму најмалку три дена
Со желба да ја оживее својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители и до 200 евра.
Тоа, секако под услов, да останат најмалку три дена на медитеранскиот остров ова лето, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло.
Бартоло рекол дека кога повеќе антипандемиски мерки ќе бидат укинати, на туристите кои ќе го резервираат летниот одмор директно преку локалните хотели ќе добијат пари на подарок, пренесува Ројтерс.
Бартоло рекол дека туристите кои ќе резервираат сметување во хотел со 5 ѕвездички ќе добијат 100 евра од туристичката управа во Малта, а хотелот ќе им даде уште 100.
Во сличен аранжман тие кои ќе се одлучат за хотел со 4 ѕвезди ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат во хотел со 3 ѕвезди ќе добијат 100 евра.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата