Малта го презеде претседавањето на ЕУ
Малта од денеска го презема шестмесечното ротационо претседавање со Советот на ЕУ, а како приоритети за време на својот мандат ги постави прашањата поврзани со миграцијата, безбедноста, единствениот европски пазар, како и соседската политика и поморскиот сектор.
На прашањата за плановите во областа на проширувањето на ЕУ од Претседателство на Малта најавуваат дека ќе ги продолжат активностите почнати од страна на претходниот претседавач, Словачка, јави Танјуг.
- Малтешкото претседавање останува посветено на процесот на проширување. Проширувањето на ЕУ е долготраен процес кој бара силни реформи од земјите-кандидатки, изјави портпаролката на Претседателството на Малта, Венди Борг.
За разлика од Словачка, која кон средината на минатата година меѓу приоритетите на своето претседателство го стави продолжувањето на проширувањето на ЕУ и враќањето на довербата во процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, Малта сепак проширувањето не го споменува како свој фокус.
Како апсолутен приоритет на своето претседавање, прво од влегувањето во ЕУ, Малта ги наведува миграцијата, политиката на азил, но и безбедноста на ЕУ, како внатре во Унијата, а така и на нејзините надворешни граници.
Ново на Сител
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва