Најголема воена парада досега во Москва
Традиционална, но и најголема воена парада досега на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата. Над 11,5 илјади војници маршираа со најновата воена опрема, тенкови, дронови, авиони со намера да се прикаже руската воена надмоќ среде војната со Украина по 80 години откако светот го победи фашизмот и стави крај на Втората Светска војна.
Владимир Путин го искористи настанот за да ги испрати своите политички пораки: дека војната во Украина е оправдана, но и да му противречи на Трамп дека силите на Советскиот сојуз, а не тие на САД како што порача вчера американскиот претседател, биле клучни за победата во 1945. Во својот говор на парадата Путин рече дека „вистината и правдата се на наша страна“ и дека е „наша должност да ја браниме руската армија“.
Ви честитам за 80-годишнината од Победата во Големата патриотска војна .Денес, сите нè обединува чувство на радост и тага, гордост и благодарност, восхит кон генерацијата што го скрши нацизмот и по цена на милиони животи ја освои слободата и мирот за целото човештво. Верно го чуваме споменот на овие историски триумфални настани...Целата наша земја, општество, народ ги поддржува учесниците во специјалната воена операција (во Украина). Горди сме на нивната храброст и решителност, на силата на духот, која секогаш ни носи само победа
Путин ја гледаше парадата од ложа, каде што седеше до кинескиот колега Ши Џинпинг, како најпочестен светски државник присустен на настанот. Џинпинг пак, го почести шефот на Кремљ и со дефиле на кинеска бригада војници, но и со огромен број на пригодни подароци.
Дваеесет и девет светски лидери дојдоа на настанот, меѓу кои и претседателот на Бразил де Силва и претседателот на Венецуела Мадуро. Единствен политичар од држава членка на НАТО и ЕУ беше словачкиот премиер Робер Фицо. Од Балканот пак, во Москва се појавија српскиот претседател Вучич, и претседателот на Република Српска - Додик.
Додека на црвениот плошптад во Москва парадираа војници, на воените руски гробишта во Варшaва пак, се случи инцидент кога демонстранти го покрија мавзолејот со црвена боја и протестираа против тековните броби во Украина. Тензиите се зголемија кога рускиот пратеник Андреев пристигна на гробиштата.
Во знак на поддршка на Украина симболично на овој Ден на победата, пак, министри од речиси 20 европски земји го посетија западниот украински град Лавов во знак на единство на денот кога Москва го одбележува својот „ден на победата“.
Висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика ... Она што го славиме во Европа е Европскиот ден/ Мислам дека е многу симболично што сме тука. Мислам дека секој што се грижи за слободата треба да го види она што го гледаме овде денес. ... Како можеш да застанеш рамо до рамо со еден човек кој навистина решил да испрати војници да убиваат други војници - и затоа има толку непотребни смртни случаи, има толку непотребни страдања на луѓето. Па, како можеш да стоиш денес во Москва - не можам да разберам.
Преку видео врска од Киев им се обрати и Зеленски.
Влодомир Зеленски, претседател на Украина „Без одговорност, декларираните права не се вистински реални, а почитувањето на човечкото достоинство почнува да бледнее. Ова е најголемото морално наследство на 20 век – мора да има одговорност, особено одговорност за војна. Затоа што ако и една војна помине неказнето, ќе следат уште војни. Русија ќе одговара за оваа војна. Ова е морална должност за Европа – и за секој во светот кој го цени човечкиот живот
Денеска воедно се одбележуваат и 75 години од Шумановата декларација, документот што ги постави темелите на Европската Унија. На 9 мај, симболично се чествува и визијата за мирна и обединета Европа, претставена од Роберт Шуман во 1950 година.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар