Малопродажбата бара итна средба со Владата за мерки за спас на секторот

Не е едноставно, клуч на врата, а вработените дома, со ова се соочивме по затворање на моловите од пандемијата предизвикана од COVID-19, велат 17 холдинзи со над 200 продавници и со околу 1.700 вработени. Тие бараат итна средба со Министерство за економија и Министерство за финансии за идните итни мерки.
-Сите ние кои сме во малопродажба на брендови, мали и големи, се наоѓаме пред најголемата финансиска криза во нашата историја на постоење. Бараме итна средба со министрите кои се одговрни за финансии и економија да дискутираме за сет мерките кои би се донеле. Со неработењето на продавниците имаме проблеми со ликвидноста, зголемување на корпоративните долгувања, неможноста за исплата на плати и придонеси, неплаќање на јавни и царински давачки, како и неможноста за исплата на камати и кредити. Исто така имаме проблем и за сервисирање на трошоците кон домашните трговски центри и домашни добавувачи на стоки и услуги. Сакаме отворено да дискутираме и на маса да ги изнесеме нашите барања, потенцираат претставниците од 17-те холдинзи.
Според нив, за надминување на моменталната состојба треба да се имплементираат низа економски и финансиски мерки кои треба да овозможат конкретна помош на приватниот сектор, особено во услови кога примарната дејност и прилив на тековни парични средства е стопирана.
-Потребно е сите заедно да ги разгледаме проблематиките со кои се соочуваме во малопродажбата на текстил и обувки што функционираат долги години и помагаат во економскиот раст и развој на Република Северна Македонија, додаваат претставниците од малопродажба.
Само во Скопје егзистираат повеќе од 300 специјализирани продавници на текстилни и спортски модни марки, вклучувајќи ги и модните марки за обувки. Паричните текови реализирани преку малопродажбата ќе изостанат со што се намалуваат и приливите во државните буџети по основ на даноци. Многу од овие продавници се спречени да ја вршат дејноста, а како резултат на мерките за криза и превенција и директно е загрозен работниот однос на повеќе од 3.800 вработени.
Ова барање за итна средба е иницирано од 17-те холдинзи, Фешн Груп, ЦМ Делта, Сорт М, Спорт Висион, Катер КМ, Пеко, Нептун, Нени-Компани, Мега Спорт, Матекс, Магнетик, Кристиана, Котон, Квазар Петар, Делта Спорт, Мај Тајм, Божиновски.
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
