-->
-->
Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-->

На 07.08.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Маџари“ и ул.„Финска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од с.Стајковци, скопско, при што било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле неговиот сопатник и Н.Х., констатирани во Компексот клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
