-->
-->
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Тетово-Требош
-->
– Седумнаесетгодишник од селото Добарце, Општина Желино е тешко повреден синоќа во 21 часот и 55 минути во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош, по излетување на возилото во кое бил сопатник.
Автомобилот го управувал две години постаро момче од истото место.
– На локалниот пат Тетово-Требош патничко моторно возило „Форд” со италијански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловоз. Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село здобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди, информира СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба