Македонија
18. November 2022 - 12:51

Малолетник со пиштол се возел во автобус

Полициски службеници од СВР Скопје кај малолетник од Скопје пронашле и одзеле гасен пиштол.

- Вчера во 19.00 часот во автбоус на ЈСП на ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје кај малолетник од Скопје пронашле и одзеле гасен пиштол „Blow“ калибар 9 мм. Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, велат од МВР. 

Од МВР додаваат дека против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.