Малолетник скокна од зграда: „Ги соблече патиките, ги запали книгите и се самоуби"

14-годишно момче скокна од осми спрат на зграда на улицата „Бранислав Нушиќ" во Сараево. За жал, ученикот почина на лице-место, во понеделникот во 16 часот.
Станарите на зградата се запрепастени од тоа што се случило. Малолетникот ги запалил своите книги во станот, ги соблекол патиките и се решил да си го одземе животот.
- Со сопругата бевме во својот дом кога слушнавме бука од соседниот стан. Потоа слушнавме и сирени од полиција и Брза помош. Кога погледнавме надолу видовме дека некој лежи во крв на бетонот пред зграда. Потоа дознав дека се работи за нашиот сосед, М.Р. кој е ученик, велат дека извршил самоубиство, вели А.Л. сосед.
Директорот на училиштето каде одел ученикот вели дека бил ученик за пример.
Останува мистерија зошто малолетникот скокна од зградата и си го одзеде животот.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
