Малолетник предизвика тешка сообраќајка кај Гостивар - повредени две лица
Вчера во 06,10 часот на регионалниот пат Р1-206 Гостивар- село Градец, на самиот Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Транзит“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ч.М.(47) од село Градец и патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ исто така со гостиварски регистарски ознаки управувано од малолетник на возраст од 16 години од гостиварското село Падалиште. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на десна рака) се здобил сопатникот во „Форд Транзит“, Т.И.(32) од село Зубовце-Гостивар, и по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Гостивар, е префрлен во Клинички центар-Скопје за понатамошно лекување, а додека кај 16 годишната сопатничка во „Венто“ од село Добридол-Гостивар, се констатирани телесни повреди и истата е задржана на лекување во Ургентен центар-Гостивар. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица-Гостивар.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија