Малолетник од гостиварско Добридол, прободен со нож
Шеснаесетгодишник од гостиварското село Добридол, синоќа би прободен со нож во стомакот откако, тој и негов другар претходно се степале со две лица од Топлица.
Според СВР Тетово, повредениот и негов другар на улица „Браќа Ѓиновски“, спроти Центарот за култура, синоќа околу 19 часот, започнале расправија, а набрзо и се степале со Е.Џ (21 ) и Т.Л. (22) од Топлица
Во тепачката, Т.Л. извадил нож и го прободел 16-годишникот во стомакот, по што двете повозрасни лица, учесници во тепачката, избегале од местото. Подоцна, тие се пронајдени, приведени и во консултација со јавен обвинител, задржани се во Полициската станица Гостивар.
Повредниот бил пренесен во гостиварската болница, а отаму заради тежината на повредата однесен на скопските клиники и се наоѓа надвор од животна опасност.
Во текот на денот по расветлувањето на околностите под кои дошло до ранувањето, ќе бидат изготвени и соодвeтни пријави, информираат од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар