Малолетничка уценувана од 16 годишник, момчето приведено
Малолетник на 16 години од Тетово е приведен поради уцени врз врсничка, на која и барал пари за да не објави компромитирачки материјали. Случајот вчера во полиција го пријавила 44 годишната мајка на девојчето.
-Таа пријавила дека преку кориснички профили на социјалните мрежи на нејзината малолетна ќерка, едно лице ја уценувало дека, доколку не му исплати одредена сума пари, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина. Истиот ден во 14.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово од слобода бил лишен 16-годишен малолетник Тетово, кој се сомничи дека е извршител на пријавеното дело, соопшти СВР Тетово.
Во декември 2019 СВР Тетово евидентираше случај во кој 26 годишна жена го пријави поранешниот сопруг кој и барал пари за да не објави одредени компромитирачки материјали откако и го одзел телефонот.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче