Мало девојче секој ден го носи на грб неподвижниот брат: Јас ќе бидам неговите нозе
Јас ќе бидам неговите нозе. Ќе бидам со него засекогаш, со насмевка вели малата Жу која на најдобар можен начин покажа што значи љубов помеѓу брат и сестра.
Не е познато дали братот на Жу Дингшуанг, деветгодишно девојче од Гаганан, град на југозападна Кина, се родил со деформитет или можеби доживел сообраќајна несреќа. Но, она што е познато е тоа дека тој не може сам да оди.
Па така, Жу секое утро го носи својот болен постар брат од дома до школо, а потоа му помага и до други активности.
Иако нивната куќа е одалечена само 500 метри од школото, за грбот на едно мало 9-годишно девојче во секој случај е голем напор, но не и за Жу.
Кога родителите поради работа биле приморани да го отпишат синот од школо, Жу решила да ја преземе обврската околу својот 12- годишен брат.
Покрај тоа што го носи на школо, му ги врзува врвките на чевлите, на физичко го турка со количката со што би имал чуство дека е во игра со другарите.
Покрај обврската кон братот малата Жу помага и на родителите.
Ново на Сител
-
Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава
-
Русите го зазедоа Часов Јар
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Сообраќајка на патот Струмица-Берово
-
Во Собранието седница за пратенички прашања
-
Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
-
Канада планира да ја признае палестинската држава во септември
-
Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ