Малезија се обидува загадениот воздух со чад од Индонезија да го прочисти со вештачки дожд
Малезија и Сингапур соопштија дека на 34 од 52 мерни места каде што се контролира квалитетот на воздухот во овие држави покажале степен на загадување кој е опасен по здравјето. Во три малезиски држави и во главниот град Куала Лумпур од денеска се затворени училиштата и градинките, а голем број жители пријавуваат проблеми со органите за дишење.
Во соседната Индонезија, во провинцијата Риау е прогласен највисок степен на тревога. Илјадници пожарникари и населението, на кои од завчера им помагаат и припадници на армијата, до сега тешко се справуваат со пожарите.
Облаците од чад ги покрија и поголемиот дел на островите Суматра и Калимантан, а причина се стотици пожари, најчесто предизвикани од несоодветно палење на површините кои сопствениците и концесионерите сакаат да ги пренаменат за подигање фарми со индустриска палма. Несреќата да биде поголема, овој дел на Азија го погоди долготрајна суша, која поради првите ефекти на ураганот Ел Нињо, најверојатно, ќе потрае до средината на идниот месец.
Соочена со покривката од облаци чад, Малезија од денеска започна да ги ангажира авионите опремени со хемикалии кои предизвикуваат групирање на облаците во поголема маса и предизвикуваат дожд. Операциите се концентрирани во подрачјето на Куала Лумпур, а во содејство со сингапурското воздухопловство ќе се прават обиди за предизвикување вештачки дождови на островот Борнео и во околината на Сингапур.
Загадувањето на воздухот во Сингапур може да ја доведе во прашање и следната трка во Формула 1, која е планирана за овој викенд. Атрактивната и скапа ноќна трка на најбрзите автомобили еднаш беше пред откажување поради истите причини, но густината на чадот оваа година е значително поголема.
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН