Максути: Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен од самиот почеток на пожарите
Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен уште од самиот почеток на пожарите. Со помошта од Австрија, Словенија и Бугарија и воздухопловот од Романија досега држиме се под контрола, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го посетија кампот на австриските пожарникари во пехчевско.
Максути нагласи дека ветерот одвреме навреме прави потешкотии во справувањето со пожарите, но дека сите припадници кои се на терен, оневозможуваат тој да се проширува на други предели. Како што посочи, утринава временските услови биле поповолни, но околу 12 и два часот напладне дошло до нагло влошување на ситуацијата затоа што ветерот го носел пожарот кон југ.
Пожарот кај селото Мачево, како што информираше, е речиси изгаснат, а останува пожарот кај Будимирци.
– Првичната задача ни беше да спасиме што е можно повеќе материјални добра, но и луѓе од селата кои беа загрозени, но со една инклузивност, односно вклученост на сите актери во овие настани, досега бевме на ниво на задачата и ќе продолжиме понатаму, изјави Максути.
Евроамбасадорот Гир се заблагодари за посветеноста на европските држави за справувањето со пожарите во Малешевијата.
– Длабоко сум импресиониран од посветеноста на различните тимови од Австрија, Словенија и Бугарија, но и од посветеноста на локалната заедница кои мошне јасно не информира за ситуацијата. Овде сме и да се заблагодариме за контрибуцијата меѓу европските земји, изјави Гир.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура