Максим Димитриевски: Како најголем криминалец со ротации ме спроведуваат на наводен технички преглед | ВИДЕО
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку вклучување во живо на својата официјална Фејсбук страна извести дека полицијата го спречува во тековното работење како кандидат во рамки на изборната кампања.
Поради вршење на технички преглед со ротации возилото во кое се превезува актуелниот градоначалник на Куманово се спроведува на технички преглед иако како што вели тој, возилото е ново.
- Еве сега во моментот како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново со уредно полномошно за управување, согласно со сите законски нормативи и прописи. Наовој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и како кандидат во рамки на изборната кампања. Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, со ротациони светла и полициска придружба не насочуваат каде ќе не носат, а каде ќе не носат и самиот незнам. Еве јавно го повикувам господинот Спасовски да даде образложение за ова се случува во Куманово и кои се мотивите континуирано да бидам следен од страна на полициски службеници, дали има налог од Основно јавно обвинителство за такво постапување и зошто е ваквиот третман кон мене и кон луѓето кои работат во рамки на своите професионални ангажмани и се ангажирани со својот дел на работење во моето опкружување.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите