Макрон се закани дека ќе ги повлече француските војници од Мали
Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека неговата земјата ќе ја повлече својата армија од Мали доколку продолжи институционалната нестабилност во оваа африканска земја.
Макрон пред новинарите кажа дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.
-Присуството на нашите сили на теренот не е доволно во оваа борба. Тоа, исто така, бара и зајакнување на стабилни и легитимни институции, додаде тој.
Франција во Мали има повеќе од 5.000 војници.
Макрон го објави ова еден ден откако лидерите на Западна Африка го суспендираа Мали од нивниот регионален блок, Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), а како причина за тоа тие го наведоа последниот воен удар, изведен минатата недела во Мали.
ЕКОВАС побара веднаш да биде номиниран нов цивилен премиер, да се формира нова инклузивна влада и да се спроведе осумнаесетмесечна транзиција на власта до изборите во февруари 2022 година.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмнесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал