Макрон се закани дека ќе ги повлече француските војници од Мали
Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека неговата земјата ќе ја повлече својата армија од Мали доколку продолжи институционалната нестабилност во оваа африканска земја.
Макрон пред новинарите кажа дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.
-Присуството на нашите сили на теренот не е доволно во оваа борба. Тоа, исто така, бара и зајакнување на стабилни и легитимни институции, додаде тој.
Франција во Мали има повеќе од 5.000 војници.
Макрон го објави ова еден ден откако лидерите на Западна Африка го суспендираа Мали од нивниот регионален блок, Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), а како причина за тоа тие го наведоа последниот воен удар, изведен минатата недела во Мали.
ЕКОВАС побара веднаш да биде номиниран нов цивилен премиер, да се формира нова инклузивна влада и да се спроведе осумнаесетмесечна транзиција на власта до изборите во февруари 2022 година.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка утрово -8, во Скопје -2, а во Гевгелија 5 степени
-
Сообраќајката во која загина Фросина сторена со умисла, во петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот
-
На Газа итно и се потребни 6,5 милијарди долари за привремено сместување на Палестинците
-
Протести пред седиштето на УСАИД во Вашингтон по заканите за затворање на агенцијата
-
Партизан потпиша со македонскиот репрезентативец Димоски
-
Астон Вила потпишa со трикратен шампион во Лигата на шампионите
-
Нојер ќе брани за Баерн до 2026-та
-
Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана