Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина

Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина изјави попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видео конференциска врска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон.
-Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотни летала“, рече тој, пренесен од Би-Би-Си.
Францускиот претседател, исто така, рече дека нови ракети ќе бидат доставени во Украина и дека во наредните недели ќе биде обезбедена дополнителна обука.
Макрон додаде дека најновите 19-ти санкциите на ЕУ треба да влијаат на финансирањето на руските воени напори.
Тој рече дека „Коалицијата на подготвените“ дефинирала стратегија за поддршка на идната безбедност на Украина, за да може да се одбрани од евентуален иден напад.
Макрон повтори дека постојат планови за распоредување мултинационални сили во Украина откако ќе завршат борбите.
Според него, овие сили ќе помогнат во обезбедувањето на небото и морињата на Украина и во обновата на нејзините вооружени сили.
Макрон нагласи дека овие сили ќе имаат поддршка и придонес од 25 земји учеснички.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави по обраќањето на Макрон дека европските лидери на „Коалицијата на подготвените“ мора да се согласат да ја завршат работата за користење на замрзнатите руски средства за зајакнување на одбраната на Украина.
-Треба да се согласиме да го завршиме договорот за руските суверени средства и да ослободиме милијарди за да помогнеме во финансирањето на одбраната на Украина, им рече Стармер на европските лидери на состанокот во Лондон, наведуваат британските медиуми.
Тој истакна дека Велика Британија е подготвена да дејствува во согласност со ЕУ за да се придвижи напред што е можно побрзо.
Стармер го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека во последните денови ги отфрла можностите за разговори.
-Наместо тоа, тој поставува смешни барања за украинска територија што не можеше да ја земе со сила, истакна тој, додавајќи дека тоа е неприфатливо.
Во Лондон се одржува состанок на „Коалицијата на подготвените“, каде што се присутни и нови членови, вклучувајќи дополнителни 20 земји кои ќе се приклучат на заедничкиот повик за поголема меѓународна соработка и поддршка за Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
