Макрон: Не сакам да ги пратам во затвор, сакам да ги нервирам невакцинираните
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера за „Le Parisien” изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против Ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе.
-Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот продолжи жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација.
Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР тест и вакцинирани им се дозволи да влегуваат во ресторани, кафулиња и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само сертификати за вакцинација.
Макрон рече дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните, тој сака да ги нервира.
-Не сакам да ги пратам во затвор, не сакам да ги терам да се вакцинираат, треба да им се каже: од 15 јануари повеќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалоци, кафе, театар , кино…, објасни претседателот.
Жан-Лук Меланшон, кандидатот на екстремната левица на претседателските избори, изјавата на Макрон на Твитер ја опиша како зачудувачка.
Според кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, еден претседател така не би требало да зборува.
-Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја подели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција, рече Ле Пен.
Републиканецот Бруно Ретајло, пак, тврди дека „нема здравствена ситуација што би ги оправдала таквите зборови”.
Во интервјуто, Макрон ја отфрли можноста за воведување нови мерки за борба против Ковид-19, кажувајќи дека одлуките од минатата недела остануваат на сила.
Ново на Сител
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
