Макрон не ја исклучува можноста за распоредување француски копнени трупи во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека не ја исклучува можноста за распоредување француски копнени трупи во Украина, јави ДПА.
По завршувањето на конференцијата за помош на Украина вчера во Париз, Макрон рече оти не исклучува ништо за да се осигура дека Русија нема да победи во војната против Украина.
На состанокот, кој беше организиран за кратко време, учествуваа високи претставници од многу клучни европски поддржувачи на Киев, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.
-Немаше консензус за употреба на копнени трупи на состанокот на над 20 шефови на држави и премиери, но ништо не може да се исклучи во однос на идната динамика, рече Макрон. Секоја земја може самостојно и суверено да одлучува за распоредувањето на копнените трупи, пренесе германската агенција.
Францускиот претседател посочи дека на состанокот било одлучено да се формира коалиција за снабдување на Украина со ракети за напади далеку зад руските линии. На краток рок, треба да се мобилизира дополнителна муниција за Украина од сопствените резерви.
-За испорака на француските борбени авиони Мираж сè уште не е одлучено, но француската воена опрема што може да и помогне на Украина се уште се испитува. Општото сознание денес е дека безбедноста на сите нас е загрозена, рече Макрон.
Тој дополни дека однесувањето на Москва станува поагресивно на политичко ниво и на линијата на фронтот во Украина.
-Русија не смее да победи во војната, нагласи Макрон, велејќи дека поддршката не може да се поколеба и дека поддржувачите на Украина мора да ги интензивираат напорите.
Според него зголемената помош за Украина со пари и оружје мора да се мобилизира и заеднички и на национално ниво.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се приклучи на состанокот во Париз преку видео врска.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово