Макрон на индискиот премиер Моди му додели орден „Легија на честа“
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му го додели Големиот крст на Легијата на честа на индискиот премиер Нарендра Моди, почесент гостин на воената парада по повод националниот празник Денот на Бастилја, соопшти Елисејската палата.
„Одликувањето се однесува на улогата на премиерот во одличниот однос на пријателство и доверба што ги обединува Франција и Индија“, соопшти француското претседателство.
Моди од своја страна се заблагодари за одликувањето, велејќи дека „го прифаќа со голема понизност“.
„Им благодарам на претседателот Емануел Макрон, на владата и на народот на Франција за овој гест. Тоа ја покажува нивната длабока наклонетост кон Индија и нивната решеност да промовираат пријателство со нашата нација“, напиша Моди на Твитер.
На авенијата Шанзелизе во Париз во тек е традиционалната воена парада, а вечер е превиден огномет на Ајфеловата кула, како и симфониски концерт.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија