Макрон на индискиот премиер Моди му додели орден „Легија на честа“
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му го додели Големиот крст на Легијата на честа на индискиот премиер Нарендра Моди, почесент гостин на воената парада по повод националниот празник Денот на Бастилја, соопшти Елисејската палата.
„Одликувањето се однесува на улогата на премиерот во одличниот однос на пријателство и доверба што ги обединува Франција и Индија“, соопшти француското претседателство.
Моди од своја страна се заблагодари за одликувањето, велејќи дека „го прифаќа со голема понизност“.
„Им благодарам на претседателот Емануел Макрон, на владата и на народот на Франција за овој гест. Тоа ја покажува нивната длабока наклонетост кон Индија и нивната решеност да промовираат пријателство со нашата нација“, напиша Моди на Твитер.
На авенијата Шанзелизе во Париз во тек е традиционалната воена парада, а вечер е превиден огномет на Ајфеловата кула, како и симфониски концерт.
Ново на Сител
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“
-
Албанија ќе обучува украински војници во командата на НАТО
-
Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии