Свет
17. December 2024 - 13:25

Макрон му постави рок на новиот премиер Бајру да формира влада

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од новиот премиер Франсоа Бајру до крајот на денот да излезе со список на министри за новата влада во услови на зголемени меѓусебни тензии меѓу двајцата функционери.

Бајру вчера изјави дека планира да го објави составот на министри до крајот на оваа недела.

И покрај тоа, тој го обвини Макрон за какво било одложување на формирањето влада, додавајќи дека претседателот треба да биде во земјата за да го одобри изборот на министри, истовремено сугерирајќи дека Макрон има густ распоред на меѓународни активности.