Макрон го повика Путин да се вразуми
„Навистина сакам да ја повикам Русија да му се врати на разумот. Таа има одговорност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН“, изјави Макрон за новинарите по самитот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро.
Макрон оцени дека денес Русија станува сила на „глобална дестабилизација“ и додаде дека го повикал својот кинески колега Си Џинпинг да влијае на Путин.
Рускиот претседател вчера потпиша измена на нуклеарната доктрина, според која конвенционален напад врз Русија од која било земја поддржана од некоја нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад на таа земја и на таа сила врз неговата земја.
Путин потпиша декрет со кој се одобрува таа нова политика на одвраќање на 1.000-тиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%