Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит
Франција е „најподготвената земја”, меѓу оние кои се директно засегнати и кои ќе мораат да се справат со последиците од Брегзит без договор, дури и ако е потребно да се „забрзаат” подготовките и да се преговара со Лондон за риболовот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред избраните претставници на регионот Горна Франција.
– Ако на 12 април Британците не дадат согласност, ќе одиме кон отсуство на договор и тежок Брегзит со сите последици што ги наметнува, предупреди тој, непосредно пред третото отфрлање од британските пратеници на договорот постигнат меѓу премиерката Тереза Мај и Европската унија.
Макрон истакна дека во таков случај „ќе се забрза финалната фаза на подготовка, но ние сме без сомнение најподготвената земја меѓу оние кои се директно засегнати”.
Прашан од избраните претставници од Северна Франција за судбината на француските рибари, кои работат главно во британските води, Макрон нагласи дека е „почнат дијалог со Британците по ова прашање”.
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари