Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе именува нов премиер, по само осум дека откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние.
Макрон вчера ја прекина посетата на Полска и се очекуваше да го објави својот избор за нов премиер по враќањето во обид да стави крај на повеќемесечните политички превирања, но откако неговиот авион слета во близина на Париз, сепак беше најавено дека ќе почека да ја соопшти таа одлука.
„Изјавата за именување на премиер ќе биде утре (петок) наутро“, рече доцна синоќа советник на претседателот, барајќи да остане анонимен.
„Тој ги завршува своите консултации“, додаде советникот, без да каже дополнителни детали.
Најновата анкета на BFMTV покажа дека 61 отсто од Французите се загрижени за политичката ситуација.
Макрон нагалси дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот втор мандат во 2027 година, и покрај разрешувањето на премиерот Барние, кој помина само три месеци на функцијата.
Меѓу главните кандидати кои би можеле да го заменат Барние се лидерот на центристичката партија Демократско движење, Франсоа Бајру, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и поранешниот левоцентристички премиер Бернар Казнев, јавија француските медиуми.
Ново на Сител
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
