Макрадули: Во Гази Баба нема континуирано загадување
Во Гази Баба за жал има компании кои можеби во процесот на производство прават некоја грешка која инцидентно емитува чад или нешто друго, но континуирано загадување во овој момент нема, појасни денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Тој посочи дека во Гази Баба се калибрира само ПМ 10 инструментот во рамки на мерната станица во која како и во секој друга има пет мерни инструменти што мерат различен тип емисии во воздухот.
- Една мерна станица во Македонија, согласно европските стандарди, покрива површина од четири километри квадртни каде чувствува емисии на нешто. Доколку има перманентно загадување, а не нешто што се случува инцидентно, невозможно е и покрај неработењето на ПМ 10 инструментот во Гази Баба тоа да не биде детектирано од мерните станици во Бутел, Ректорат и Лисиче, рече Макрадули во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека Министерството и Град Скопје во рамките на своите надлежности веќе направиле увид за да утврдат од каде доаѓа загадувањето и како што рече, имаат некои сознанија кои ќе бидат обелоденети.
- Тие се објекти кои имаат лиценци и не се нелегални. Затоа на граѓаните ќе им понудиме апликација со која сите „А“ и „Б“ инстлации кои постојат во Град Скопје ќе бидат на ГИС портал и за што се наменети. Доколку граѓаните забележат нешто да се случува автоматски ќе го пријават и веднаш ќе реагира Инспекторатот, потенцира Макрадули.
Кај мерните станици, додаде, ни еден податок не се крие и тие автоматски преку Џи-Пи-Ес системот одат директно на веб порталот на Министерството за животна средина и никој не ги контролира бројките кои се јасни и видливи.
- Инструментите ПМ 10 се набавени во 2002 година и работат 24 часа. Во рами на нашите можности дел од ПМ 10 инструментите ќе бидат земенети сега се надевам со итна набавка, рече Макрадули.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното