Макрадули: Скопје не е толку загадено, „Али Експрес“ сензорите предизвикуваат паника
Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули уверува дека загадувањето на воздухот е значително намалено и дека не треба да им се верува на, како што ги нарече „Али Експрес“ сензорите бидејќи тие само предизвикуваат паника помеѓу граѓаните.
Според него мерењата од државниот мониторинг центар покажуваат значително почист воздух во последните 3 месеци. Макрадули вели дека не се точни податоците кои се се пласираат на социјалните мрежи и дека Скопје не се наоѓа на топ 5 листата најзагадени градови.
Макрадули ја најави новата програма „Јас не загадувам“ која што ќе се спроведе во државните институции и дека ќе се исфрли горивото кое допринесува во аерозагадувањето. Како еден од главните загадувачи се смета индустријата, а утре ќе се одржи расправа во собрание каде што ќе се разговара за измената на законот за увоз на отпад кој се користи како енергенс. Политичката партија ДОМ и невладините организации бараа да се забрани увозот на алтернативните горива бидејќи државата нема капацитет да го контролира процесот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа