Македонското знаме на јарбол во Лондон пред самитот на НАТО
„Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!“, напиша на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска во пресрет на самитот на Алијансата што треба да се одржи на 3 и 4 декември во престолнината на Обединетото Кралство.
На самитот на НАТО во Лондон Македонија ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министерката Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО, со оглед дека за десет месеци Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек