Македонско воено возило паднало во канал за наводнување во Косово
Моторно воено возило во рамки на НАТО мисијата на македонската армија во Косово излетало во канал за наводнување, при што морало да биде извлечено од италијанскиот контингент.
„Во текот на вчерашниот ден (11.03.2024 година) во вечерните часови за време на извршување на доделените задачи во рамки на операцијата на НАТО - КФОР во Косово се случи лесна сообраќајна незгода во која има незначителна материјална штета на возилото (скинати гуми) без било какви последици на возачот. Имено, за време на извршување на редовна патрола од страна на припадници на Армијата со воено моторно возило во состав на нашиот контингент во зоната на одговорност во регионалната команда запад, поради лошите временски услови (слаба видливост и лизгав коловоз) возачот изгубил контрола поради што возилото излегло од патот во канал за наводнување“, информира македонската армија.
Од таму не ја откриваат локацијата на инцидентот, но додаваат дека возилото е во исправна состојба и неговото користење ќепродолжи во рамки на мисијата.
„Како дел од стандардните оперативни процедури, со подршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во регионалната командда запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување на задачи во склоп на мисијата“, се додава во информацијата.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море