Loading Video...
Ракомет
18. July 2019 - 15:30

Македонските ракометарки против Литванија за полуфинале на ЕХФ шампионатот

 
 
 
Младите македонски ракометарки вечерва во Клаипеда, Литванија против домашната селекција го играат последниот меч од групната фаза на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години.
 
Во рамките Б групата, црвено-жолтите ќе мора да останата непоразени доколку сакаат да го сочуваат второто место, а со тоа и да изборат пласман во полуфиналето. 
 
По победата над аутсајдерот Грузија, како и вчерашниот пораз лидерот во оваа група Швајцарија, нашите ракометарки сега се во ситуација да мораат да останат непоразени во мечот со Литванките. 
 
И нерешен резултат и носи второ место на Македонија, а со тоа и пласман во полуфиналето закажано за во сабота и тоа со првопласираната селекција од А групата, Чешка која во директен дуел за лидерското место ја победи Турција убедливо со 28-20. 
 
Дуелот меѓу Македонија и Литванија ќе започне од 18 часот