Loading Video...
Ракомет
16. April 2021 - 18:02

Македонските ракометарки отпатуваа за Романија

 
Македонските ракометарките попладнево од скопскиот аеродром со со чартер лет заминаа за Букурешт, каде утре ќе го играат првиот натпревар од двомечот против Романија во баражот за пласман на Светското првенство.
 
Иако беше најавено дека нема да настапи на против Романија поради приватни причини, сепак Симона Стојковска ќе биде на располагање на  селекторот Симе Симовски, кој сега добива уште една квалитетна опција во бековската линија, имајќи во предвид дека Стојковска игра во одлична форма за германскиот тим Цвикау. 
 
Иако Романките важат за фаворитки, нашите ракометарки не отпатуваа со „бело знаме“, напротив. Тие се уверени дека може да ги повторат игрите од квалификацискиот турнир во Скопје, на кој забележаа три победи. 
 
Утрешниот дуел меѓу женските ракометни селекции на Романија и Македонија ќе стартува во 17 часот. 
 
Реванш средбата ќе се игра во Скопје во среда (21 април, почеток во 17 часот) во СЦ „Јане Сандански“.