-->
-->
Македонските ракометарки до 18 години на подготовки за квалификациите за ЕП
-->

Македонската ракометна репрезентација до 18 години ја очекува квалификациски турнир за пласман на Европското првенство 2017 во Словенија кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 17 до 19 март.
Завршните подготовки за овие натпревари македонските ракометарки под водство на ВД селекторот Борче Марковски ќе ги почнат утре со собирот закажан за 18 часот во салата „Автокоманда“.
Марковски упати повик до следниве ракометарки: Амра Иљаз, Јована Мицевска, Слободанка Кицеска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Спировска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сашка Филипоска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Милица Николиќ, МихаелаКамческа, Јована Владева, Ања Велкова.
Македонија се наоѓа во група со Унгарија, Молдавија и Фарски Острови. Двете најдобро пласирани репрезентации од групата ќе се пласираат на Континенталниот собир во Словенија што ќе се игра во периодот од 26 јули до 6 август 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула