Македонските ракометари против Норвешка стартуваат на Светското првенство
Македонската машка ракометна репрезентација денеска во Краков, градот домаќин на групата Ф, го почнува настапот на 28. Светско првенство, кое заедно го организираат Полска и Шведска.
Македонските ракометари вчера одржаа тренинг во Таурон Арена, каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.
За дуелот против фаворитот во групата Ф, според најавите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи на трибините на Таурон Арена со капацитет од 15.000 седишта.
Во претходните пет дуели, македонската репрезентација има една победа и едно реми против Норвешка.
Претходно во рамки на истата група ќе играат Аргентина и Холандија од 18 часот. Во истиот термин македонската репрезентација в недела ќе игра против Холандија, а два дена подоцна против Аргентина.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации од осумте групи.
Ново на Сител
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
-

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово
-

Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад
-

Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја
-

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено
-

Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина
