Ракомет
16. July 2024 - 10:39

Македонските ракометари ја совладаа Полска на младинското ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација со победа го отвори разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на младинското Европско првенство.

Македонските ракометари попладнево во Спортскиот центар „Три Лилије“ во словенечкиот град Лашко славеше победа против селекција на Полска со 28:26.

Следен противник на македонските млади ракометари е Романија.

Овој дуел на програмата е утре со почетокот во 12:00 часот.