-->
-->
Македонските претставници во евро-куповите ги очекуваат своите противници
-->
Денеска и утре во Нион ќе бидат извршени ждрепките за квалификациските рунди во двата европски купа.
Во Лигата на шампионите, тетовска Шкендија за можни противници во 1.коло ги очекува екипите на: АПОЕЛ (Кипар), Шериф (Молдавија), Њу Сејнтс (Велс), Карабах (Азербејџан) и Видеотон (Унгарија).
Ждрепката за Лигата на шампионите ќе се одржи денеска во 12 часот. Првите натпревари се предвидени за 10 и 11 јули, а реванш дуелите ќе се играат една сезмица подоцна (17 и18 јули)
За утре (среда) во 13 часот предвидено е извлекувањето за првото квалификациско коло во Лига Европа во која Македонија ќе биде претставувана од три тима.
Вардар за можни противници во првата рунда ќе ги има: Зариа Балти од Молдавија, Колрeјн од Северна Ирска, Дери Сити од Република Ирска и ерменски Пјуник и победникот од дуелот Торшавн – Сент Џосефс.
Работнички како носител на седмата група за противник очекува еден од следните тимови: Милсами Орхеи (Молдавија), Рудар Пљевља (Црна Гора), Рига (Летонија), Хонвед (Унгарија) и Балзан (Малта).
Шкупи пак за можни противници ги очекува екипите на: Глазгов (Шкотска), Домжале (Словенија), Габала (Азербејџан), Динамо Тбилиси (Грузија), Аполон Лимасол (Кипар).
Натпреварите во Лига Европа ќе се играат на 12 и 19 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај