Фудбал
19. јуни 2018 - 8:22

Македонските претставници во евро-куповите ги очекуваат своите противници

 

Денеска и утре во Нион ќе бидат извршени ждрепките за квалификациските рунди во двата европски купа. 

Во Лигата на шампионите, тетовска Шкендија за можни противници во 1.коло ги очекува екипите на: АПОЕЛ (Кипар), Шериф (Молдавија), Њу Сејнтс (Велс), Карабах (Азербејџан) и Видеотон (Унгарија).
 
Ждрепката за Лигата на шампионите ќе се одржи денеска во 12 часот. Првите натпревари се предвидени за 10 и 11 јули, а реванш дуелите ќе се играат една сезмица подоцна (17 и18 јули)
 
За утре (среда) во 13 часот предвидено е извлекувањето за првото квалификациско коло во Лига Европа во која Македонија ќе биде претставувана од три тима. 

Вардар за можни противници во првата рунда ќе ги има: Зариа Балти од Молдавија, Колрeјн од Северна Ирска,  Дери Сити од Република Ирска и ерменски Пјуник и победникот од дуелот Торшавн – Сент Џосефс. 

 
Работнички како носител на седмата група за противник очекува еден од следните тимови: Милсами Орхеи (Молдавија), Рудар Пљевља (Црна Гора), Рига (Летонија), Хонвед (Унгарија) и Балзан (Малта).
 
Шкупи пак за можни противници ги очекува екипите на: Глазгов (Шкотска), Домжале (Словенија), Габала (Азербејџан), Динамо Тбилиси (Грузија), Аполон Лимасол (Кипар).

Натпреварите во Лига Европа ќе се играат на 12 и 19 јули.