-->
-->
Македонските одбојкари во нов поход во Европската лига
-->
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го започнува својот нов (четврти) настап во Европската лига. Откако во дебито стигна до 3.место, а изминатите две сезони беше поразувана во финалето, нашата одбојкарска селекција конечно се надева на освојување на првото место и триумф во Европската лига.
Задачата нема да биде лесна бидејќи најнапред ќе треба да се освои првото место во А групата во која за противници црвено-жолтите ги имаат селекциите на Азербејџан, Албанија и Шведска.
Првиот од двата турнири во А групата, нашите одбојкари ќе го играат пред домашната публика, во СРЦ Кале во Скопје, додека вториот кој на програмата е од 23 до 25 јуни ќе се игра во Тирана, по што ќе следува завршницата во Данска на 1 и 2 јули.
Распоред на натпревари за првиот турнир во А групата:
Петок
17,00 Шведска – Албанија
19,30 Македонија – Азербејџан
Сабота
17,00 Шведска – Азербејџан
19,30 Македонија – Албанија
Недела
17,00 Азербејџан – Албанија
19,30 Македонија - Шведска
Македонските одбојкари очекуваат голема поддршка и полни трибини, а причина повеќе да биде така е и слободниот влез во СРЦ Кале
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат