-->
-->
Македонските одбојкари со пораз од Црна Гора се оддалечија од медал на јуниорската Балканијада
-->
Македонските младински одбојкарски репрезентативци не успеаја да слават против Црна Гора и со тоа да обезбедат медал на Балканијадата во Приштина пред денешните натпревари од последното, петто, коло. Избраниците на селекторот Ванче Санев играа променливо против Црногорците и без оглед што убедливо го добија вториот сет и израмнија, потоа не го задржаа ритамот и загубија со 3:1 (18:25, 25:15, 25:27, 20:25).
Теоретски шанси за бронзен медал за македонската репрезентација сè уште постојат, а за такво сценарио најпрво е неопходна победа над фаворитот Турција со 3:0 или 3:1 во сетови. Македонските одбојкари претходно на Балканијадата во Приштина триумфираа над домаќинот Косово и Албанија, а претрпеа пораз од Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила