Македонските навивачи со негативен ПЦР-тест ќе можат да одат во Букурешт
Навивачите на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да ги следат настапите на нивните миленици на Европското првенство во Букурешт доколку покрај обезбеден билет, имаат и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа при влезот во Романија, или пак имаат потврда за примени две дози на вакцини против Ковид 19.
Престојот во Романија нема да биде ограничен на три дена, бидејќи претходната одлука да мора да се напушти државата по 72 часа од влезот веќе не важи.
Билетите за натпреварите на „црвено-жолтите“ се пуштени во продажба и можат да се набават преку веб-страницата на УЕФА.
Капацитетот на стадионот во Букурешт ќе биде ограничен од една четвртина до една третина и не се знае колкав број билети ќе бидат на располагање на македонските државјани.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Букурешт ќе играат со Австрија на 13 јуни и Украина на 17 јуни, додека на 21 јуни во Амстердам ќе се сретнат со холандскиот национален тим.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
