-->
-->
Македонските кошаркарски надежи ги добија противниците за ЕП 2019 година
-->
Следното лето Македонија ќе биде претставувана од пет младински кошаркарски селекции на Европските шампионати во три годишни возрасти.
Најтешка задача ќе имаат кадетите, односно селекцијата на играчи до 16 години кои ќе играат во елитното друштво (А дивизија) на Евробаскетот во италијанскиот град Удине од 9 до 17 август 2019).
Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ ќе имаат тешка задача во дуелите против најсилните европски селекции.
Во првата фаза, македонските кадети ќе играат во А групата против, Летонија, Израел и минатогодишниот финалист Шпанија.
Без разлика на пласманот во групната рунда, сите четири селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во 1/16-финалето, а потоа во зависност од резултатите ќе разигруваат за пласман меѓу ТОП 8-те или за пласман од 9 до 16 место.
Целта е да се избегнат последните три позиции (14,15 и 16 мести), односно да се биде меќу тринаесетте најдобри, а со тоа и да се избори опстанок во А дивизијата, в спротивно повторно се враќаме назад во Б дивизијата.
Младинците (до 20 години) кои ќе играат во Б дивизијата на шампионатот во португалскиот град Матосињос (од 12 до 21 јули) се сместени во Д групата каде за противници покрај домашната селекција на Португалија, ќе ги имаат селекциите на Луксембург, Белгија и Словачка.
Јуниорите (до 18 години) ќе настапуваат во Ородеа, Романија од 26 јули до 4 август, а во групата Б ќе играат против: Ирска, Грузија, Данска, Украина и Словачка.
Своите противници ги добија и девојките.
Јуниорките (до 18 години) кои ќе играат на домашен терен во Скопје од 5 до 14 јули, за противнички во Ц групата ќе ги имаат: Ирска, Романија, Грција, Словачка и Австрија.
И најмладите (кадетките до 16 години) кои ги очекува настап на шампионатот во Софија (15-24 август), ќе играат против домаќинот Бугарија, Луксембург, Холандија и Украина во рамките на Д групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол