Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали
Македонските кикбоксери од WAKO Eвропскиот кикбокс куп „Гранд при Сараево 2025“ кој се одржа викендов од 4-6.април 2025 во Сараево, БИХ се враќаат со 56 медали, 49 медали од официјалнит Eвропски куп Гранд При Сараево 2025 и 7 од отворениот куп за почетници од кој 15 златни, 16 сребрени и 25 бронзени.



Нашата земја настапи со 89 натпреварувачи во 93 влезови од 19 македонски кикбокс клубови.
Тимовите ги предводеше претседателот на нашата Кикбокс Маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски Урко сo одбрана тренерската екипа составена од 23 тренери а судеа и нашите меѓународни судии Неделковска, Бубески и Симјановски.

На овој исклучително квалитетен европски кикбокс куп учество земаа 801 натпреварувачи во 938 влезови од 181 клубови од 20 држави. Купот е еден од куповите на кои се врши рангирање на спортистите за претстојните официјални првенства и секако е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и одмерување на силите на нашите кикбоксери со најдобрите европски противници.
Во склоп на европскиот куп се одржа и куп за деца и помлади кадети “Сараево гранди при опен куп 2025” на кој настапија 14 наши млади спортисти каде нашите најмлади кикбоксери освоија 7 медсли од кој 2 злата, 3 сребра и 2 бронзи. На овој куп учество земаа 189 младинци во 211 влезови од 58 клубови од 9 држави.
- Како претседател и водач на репрезентацијата задоволен сум од севкуптниот исход од ова првенство. Овие првенствва ни се потребни за напредокот на нашите борци. Сакам да напоменам дека имаме одлуичен тренерски тим и создаваме одлични борци. Слободно можам да потврдам како и секогаш дек Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија е најмасовна и најуспешна федерација и дека кикбоксот е национален спорт број еден во Македонија. Им благодарам на сите кои не подржуваат и веруваат во нас, изјави претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко.







Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
