-->
-->
Македонските кадети пресилни за косовските
-->

Македонската кадетска репрезентација забележа убедлива победа над соодветната селекција на Косово во пријателски натпревра одигран во Скопје.
Избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски беа супериорни во текот на челиот меч, па на крајот забележаа победа со 41 поен разлика 75:34 по четвртини 16-12, 25-5, 20-8, 14-9.
Андреј Јакимовски со 13 поени беша најефикасен во нашата селекција, додека Миловановиќ и Наумоски постигнаа по 9 поени.
Ова беше воедно и последна контрола на нашата репрезентација пред настапот на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија.
А, таму, Македонија ќе игра во група против: Грузија, Косово, Велика Британија, Португалија и Луксембург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСН со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
