Loading Video...
Фудбал
21. September 2022 - 16:06

Македонските фудбалери отпатува за Тбилиси на мегдан кај Грузија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација попладнево отпатува за Тбилиски каде во петок ќе го одигра првиот од двата натпревари во септемврискиот циклус во Лигата на нациите
 
Лидерот на табелата во нашата Д-3 група, Грузија е првиот противник на Макеоднија во овој круг од Лигата на нациите. 
 
На првиот меч во Скопје на кој Грузијците забележаа убедлива победа, главна болка во нашиот тим беше лошата реализација. 
 
Затоа за очекување е селектоирот Милевски и неговите избраници најмногу внимание да посветат на тој сегмен, а според досега прикажаното во новата сезона, најмногу треба да се очекува од напаѓачот на шкотскиот Абердин, Бојан Миовски кој за свпојот новито клуб на 9 натпревари досега постигна 6 гола.   
 
Сигурно дека хендикеп за нашата селекција ќе биде осуството на стадардните Стефан Ристовски, Адеми како и Чурлинов, но со она што го има на располагање, црвено-жолтите ќе мора да атакуваат на бодови, доколку сакаат да останата во трка за првата позиција на табелата. 
 
Грузијците досега собраа 10 бодови, три повеќе од нашата селекција, односно дури седум повеќе од Бугарија против која црвено-ќолтите ќе играат веќе во понеделник во Скопје. 
 
Дуел меѓу Грузија и Македонија што ќе ќе се игра во петок ќе започне од 18 часот, додека во вечерниот термин 20:45 часот ќе се игра средбата меѓу Бугарија и Гибралтар.