Македонските е-продавници не нудат формулари за враќање на производите

Македонските он-лајн продавници треба да се усогласат со Законот за заштита на потрошувачите и да нудат можност за откажување на купо-продажните договори во рок од 14 дена.
Како што рече денеска претседателот на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Маријана Лончар Велкова, нашите е-продавници се уште не нудат формулар за откажување од договорот, ниту постои начин како да се врати купениот производ.
- Во Македонија само 25 отсто од потрошувачите купувале електронски, највеќе обувки, облека и текстил, изјави Лончар, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот по повод Светскиот ден на заштита на потрошувачите.
Минатата година продажбата преку интернет во светски рамки достигнала 2,29 трилиони долари, но речиси 70 отсто од купувачите изразиле загриженост дека нивните дигитални плаќања не се безбедни.
Токму прашањето, како купувачите да му веруваат на дигиталниот пазар и да бидат сигурни дека нивните лични податоци при он-лајн купувањето се заштитени, односно дека нема да бидат злоупотребени, е во фокусот на годинашниот Светски ден.
Според Лончар, паметните телефони, смарт-телевизорите и паметните играчки за деца се само некои од производите кои ја доведуваат во прашање безбедноста на потрошувачите.
- Следењето на нашата приватност и нашите лични податоци станува предмет на голема дискусија како што расте продажбата. Софтверот во т.н. паметни и поврзани играчки како куклата Кејла, не им нуди заштита на семејствата. Преку нив може да ве гледаат дома, да ве снимаат и да ви даваат совети. Преку паметните часовници, пак, исто така, освен вас, децата може да ви ги следи и некој друг, нагласи престедателот на ОПМ.
Во Источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, за е-плаќање најмногу се користат дебитни и кредитни картички, како и трансакциски сметки.
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
