Македонскиот амбасадор повикан во бугарското МНР на разговор за Васил Гарванлиев
Софија очекува Скопје да го брани правото на секој граѓанин на слободно самоопределување. Ова е став на бугарското Министерство за надворешни работи по повод, како што се наведува, честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во Македонија.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Македонија во Софија Владимир Крастевски на разговор во Министерството за надворешни работи. На состанокот присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа Ива Крулева.
– Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев. Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица започнува одбележувањето на големиот христијански празник
-
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност