Македонски учесници на обука за африканска свинска чума во Приштина

Учесници од Албанија, Косово и Северна Македонија денеска во Приштина ќе следат курс за обучувачи за африканска свинска чума, кои потоа, стекнатите знаења ќе треба да ги пренесат на свои колеги, секој во својата земја.
Еднодневниот настан ќе го водат експерти за африканска чума од ФАО и од Институтот „Фридрих Лофлер“.
– Денешната обука за обучувачи која ја спроведува ФАО во Приштина, придонесува за подобра подготвеност на балканските земји со обезбедување техничко знаење за ветеринарите на терен, наведуваат од Канцеларијата на ФАО во Скопје.
Според Еран Раизман, висок службеник на ФАО за здравствена заштита на животните, неколку мисии и работилници веќе беа одржани во регионот, но, оваа обука е од особена важност за контролата на болеста.
Вирусот на африканска чума со потекло од Африка, во 2007 година се прошири во Грузија, а потоа кон запад, достигнувајќи ја Источна и Централна Европа, како и Кина и Југоисточна Азија. Болеста е веќе пријавена во Бугарија, Унгарија, Романија, Словачка, а неодамна и во Србија, со значително зголемен ризик на проширување во регионот. Во земјава се уште не е потврдено присуство на африканска чума.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
