-->
-->
Македонски ликовни изложби го отворија „Солеј" во Созопол
-->
Со две македонски ликовни изложби синоќа беше отворен 7. Фестивал на франкофонијата „Солеј" во Созопол, Република Бугарија.
Културно-информативниот Центар на Република Македонија кој трета година по ред е партнер и редовен гостин на овој Фестивал, годинава понуди три културни содржини. Најпрво беше отворена изложбата „Поврзување", на која со преку педесетина дела, работени во различни ликовни техники, се претставија уметниците Иво Пецов, Марјан Ѕин, Маријана Иванова, Ице Огненовски-Мерко, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Павел Целкоски и Перица Георгиев-Пепси.
Во вториот дел од програмата беше отворена и ликовната изложба „Охридски филиграни" од авторката Мирјана Николоска. Преку триесетина дела работени на традиционален начин, со срма, монистра и охридски бисер, предизвикаа голем интерес, исто како и „Поврзување".
Изложбите ги отворија директорката на Фестивалот Александрина Исаилова, претседателката на Советот на Општина Созопол Красимира Германова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. На настаните присуствуваа амбасадори на земјите учеснички на фестивалот и бројни ликовни и културни работници од Созопол.
Седмиот Фестивал на Франкофонијата во Созопол ќе трае до 8 јуни, со културна програма од Франција, Белгија, Швајцарија, Романија, Грузија, Либан, Мароко, Македонија и Бугарија. Утре Македонија ќе биде претставена и со пијано рецитал на Мимоза Ќека, која на програмата ќе изведе дела од француските композитори Морис Равел и Клод Дебиси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Момчето убиец од Рибникар: Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа
-
Бурим Латифи: Сите информации за наводно потрошени пари се само лажни вести
-
Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри
-
Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан
-
Уапсен пензионер (64) од Кичево, кај него пронајдени тегли марихуана и дигитална вага
-
Владата сака да сме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ бара затворена собраниска седница за евроинтеграциите
-
Почина Михаил Ренџов
-
Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија