Македонски компании се запознаа со трендовите во германската пекарска компанија
Запознавање со современите технолигии кои се користат при производство на пекарски и кондиторски производи, информирање за стандардите на квалитет кои ги поставува ЕУ за извоз на овие пазари, како и едукација за конкурентност на пазарите во ЕУ беше целта на еднонеделниот престој на делегација од 27 претставници од Македонија и од Србија во германската покраина Баварија.
Делегациското патување кое се одржа од 14 до 19. февруари, беше во организација на Германската стопанска комора во Македонија во рамките на проектот „Bayern- Fit for Partnership“, а под покровителство на Баерн Интернационал.
Од Македонија учествуваа компаниите Макпрогрес, Витаминка Прилеп, Свислион, Специјал Продукт и Жито Прилеп. Делегацијата посети вкупно 15 германски компании од оваа стопанска гранка меѓу кои и компаниите Бако Михен, Волф Бутер Бак, компанијата Дер Бек која е лидер во пекарската индустрија и има ланец од 150 пекари низ Германија.
Во склоп на ова патување беa одржани и интерни саеми каде што се претставија 14 германски компании кои се занимаваат со производство на најсовремена опрема за пекарска и кондиторска индустрија.
- Германските компании сметаат дека има голем потенцијал за соработка со компаниите од Македонија и Србија по одржувањето на Б2Б состаноците, велат од Германската стопанска комора во Македонија.
Покраината Баварија е најголема меѓу 16-те покрани во Германија и претставува локомотива, која ја влече германската економија со извоз од 170 милјари евра во 2015 и тренд на раст во 2016. Германија е најважниот трговски партнер за Македонија. Во 2015 е направен извоз во висина од 1,7 милјарди евра, а увоз во висина од 730 милиони евра, се посочува во соопштението од Германската стопанска комора во Македонија.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот